„Коста Моштенецот“- прв роман на Лазаревски

0
1434

Во чест на својот брат кој загинал за слободата на својата татковина, Ѓорѓи Лазаревски го промовираше своето прво уметничко дело, романот насловен „Коста Моштенецот“. Негова преокупација е научно истражувачка дејност од областа на образованието

gorgi lazarevski

-Ова е мојот прв роман и насловен е Коста Моштенецот за мојот брат кој во младите години замина со партизанските единици за ослободување на својата татковина и при последните операции на фронт на 14 април 1945 година загина и повеќе не се врати. Во спомен на него името е насловено Коста на овој мој прв роман, изјави Ѓорѓи Лазаревски, автор на романот „Коста Моштанецот“.

promocija

Во романот се опфатени и историски моменти од селото Бач, поделеноста на бачани помеѓу патријаршисти и егзархисти, која како што вели авторот стигнала до тој степен што морале да бидат направени две цркви, едната Бугарска другата Грчка, а последиците од таа поделеност се чувствувале и денес

bogoja

-Оваа книга претставува едно автобиографско искажување на авторот Ѓорѓи Лазаревски, изјави Богоја Таневски, промотор

Промоцијата се одржа викендов во Градската Библиотека.