Костадиновски на гости во Новаци

0
965

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со градоначалникот на Новаци ја посетија фармата со крави на Боби Петровски од с.Новаци. Фармерот рече дека имал 29 крави и ги користел сите бенифи од страна на Владата.
Костадиновски ги информираше земјоделците дека веќе се донесени измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои се овозможува вклучување на сточарството во мерката за државна помош при набавка на полиси за осигурување на добитокот.
– Една од главните измени на Законот за земјоделство и рурален развој е можноста сите сопственици на фарми од помал обем, кои сега се категоризирани во прва категорија до 4 грла добиток, во втора категорија од 5 до 10 грла и во трета категорија од 11 до 20 грла добиток, да добијат повеќе поволности. Фармерите кои ќе го окрупнат стадото ќе добијат финансиска поддршка од Владата во зависност од категоријата која се движи од 90 проценти за прва категорија или 70 проценти за втора категорија. Со тоа ќе го прошират сопствениот капацитет, ќе произведуваат повеќе млеко, а со самото тоа ќе има и поголема продуктивност и средства за сопствениците на земјоделски стопанства, изјави Ванчо Костадиновски заменеик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Костадиновски оствари средба и со земјоделците во селата Далбеговци, Горно и Долно Агларци, Добромири и Рибарци, со цел да ги запознае со новите мерки и да ги слушне нивните барања и проблеми

Без коментари

LEAVE A REPLY