Костадиновски во Пелагонија

0
960

Заменик министер за земјоделие Ванчо Костадиновски денес беше во посета на Пелагонија, за да се информира за жетвените активности. Според информациите кои заменик министерот ги добил од сите оние кои се вклучени во годинашната жетва, пченицата била со подобар квалитет од ланската.ZETVA

-Пченицата е со подобар квалитет во однос на ланската реколта, а просечната цена по која што се откупува килограм пченица изнесува 10 денари. Тоа што беше договорено во МЗШВ, договорената цена од 10 денари плус трошоци за транспорт до мелничарските и откупните претпријатија и надоместокот за ДДВ, цената да изнесува 11 денари, можам да кажам дека главно се почитува за откуп на пченица со стандарден квалитет од која се произведува лебно брашно. Жетвата добро се одвива, како и откупот на пченицата. Досега се откупени околу 20.000 тони пченица, рече Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделие.KOSTADINOVSKI

Костадиновски вели дека жетвата и откупот се одвиваат добро.

-Јасна е одредбата за оваа култура која е дефинирана како стратешка. Ќе се постапува согласно одредбата во која стои дека доколку просечната продажна цена по која се откупува пченицата согласно завршената жетва е пониска од производствената таа разлика ќе биде дотирана од Владата, вели Костадиновски.

Од Сојузот на земјоделци пак велат.

-Со мелничарите се расправавме 3 месеци, се договаравме за минималната цена во Министерството за земјоделие, на крајот се договори минимална цена со минимални параметри да биде 11 денари, но мелничарите овој договор не го почитуваат, вели Вељо Тантаров, Сојуз на земјоделци.VELJO

На прашањето до министерот дали има информации за појава на т.н. диви откупувачи вели:

-Доколку некој има сознание за диви откупувачи кои се надвор од системот, ги охрабрувам сите да пријават во Државниот инспекторат за земјоделство со цел сите оние што вршат див откуп да бидат санкционирани согласно закон, рече Костадиновски.ZETVA 1

-Како земјоделец и претставник на Сојузот на земјоделци, не можам да прифатам збор како диви откупувачи, тоа може да се користи ако се работи за дрога, вели Тантаров.

Министерот потоа замина во посета на неколку откупни центри во регионот.