Котевски за инфраструктурата и спортот

0
378

-Имаме предвидено изградба на спортски рекреативен центар кај с.Добромири на површина од 200 илјади метри квадратни. Изградба на кошаркарски терен во с.Гермијан, изградба на велосипедска патека Новаци-Добромири, изградба на ракометно игралиште во Долно Агларци. Изградба на водовод во с.Мегленци и санација на брани и водособирници во селота Грумази, Долно Орехово, Арматуш и Живојно. Секоја година од буџетот на општината одделуваме за асфалтирање на улици во населените места, останаа уште многу малку улици за асфалтирање. За реализација на овие проекти соработувам со секој чесен граѓанин на општина Новаци, рече Лазар Котевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Новаци.

Без коментари