Котевски за Новаци, Ристески за Прилеп

0
2163

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му ги предложи на Централниот комитет меѓу другите кандидати за градоначалници да бидат и Марјан Ристески, актуелен  градоначалник на општина Прилеп.

За општина Новаци, Извршниот Комитет го предлага  Лазар Котевски, инаку актуелен градоначалник, кој како што рече генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски Новаци ја издигна во редот на успешни оптштини во кога граѓанинот е на прво место. Инфраструктурно оваа општина може да се мери со многу други урбани, што говори за подигнатиот стандард на живеење на граѓаните.

На денешната прес конференција од овој регион беа соопштени само имињата на кандидатите од Прилеп и Новаци.

Останува да бидат соопштени и за Битола, Ресен, Могила, Демир Хисар, Крушево.