Котевски за образованието во Новаци

0
323

-Се наоѓаме во с.Рапеш каде што моментално вршиме реновирање на училиштето, кое што порано беше реновирано, но сега ввршиме детални поправки и на кровот но и внатре. После 20 години ова училиште го отворивме пред две до три години бидејќи малку наталитетот ни се зголеми во овај крај. Училиштето е од прво до четврто одделени, а од петто до девето одделение ученици учат во ОУ Славко Лумбарковски во Новаци. Во с.Долгобевци изградивме монтажно училиште. Во с.Долгобевци имаме околу 20 деца, а овде во с.Рамеш имаме 7. Реновирањето на ова училиште не чини 1,5 милиони денари, средства од општината. Грижата на општината е во образованието, да им створиме што подобри услови на нашите деца за да можат да учат, изјави Лазар Котевски, кандидат за градоначалник за општина Новаци.

Без коментари