Котевски за пресот на полицијата

0
1174

„ Класичната партиска пресметка и хајка која техничкиот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера ја најави денес веќе почна да ја реализира.  Сите денешни обвинувања категорично ги отфрлам затоа што истите се чиста партиска конструкција на техничкиот Министер кој се однесува како најверен партиски послушник на својот лидер Зоран Заев. Фабрикувањето на афери како оваа денешната не се ништо повеќе туку само обичен очајнички обид да се намали она што СДСМ најмногу го плаши: рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и довербата на граѓаните во нашите одлуки и политики.  Но, го потсетувам техничкиот Министер дека набрзо и тој и неговиот партиски лидер ќе се уверат дека граѓаните својата доверба повторно ќе ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ а дека за конструкциите како оваа денес некој ќе мора да сноси одговорност“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.