Ковачевски ги отвори Илинденските денови во Битола

0
1007

Фестивалот „Илинденски денови“ во своето долгогодишно континуирано постоење се дефинира како светски реномирана сцена каде што се реставрираат и презентираат народните ора, песни, обичаи, инструменти и носии.

Ова го истакна пратеникот Васко Ковачевски, кој во име на покровителот, Собранието на Република Македонија,  во Битола го прогласи за отворен Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Фестивалот, посочи тој, стана своевиден мост кој ги поврзува многувековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурната разновидност, а со својата интернационализација и универзални вредности стана место за поврзување на вљубениците во народната култура во целиот свет.

– Фестивалот „Илинденски денови“ е местото каде што се негува и продолжува традицијата, место каде што се дружат народните уметници, место каде што почнуваат нови пријателства, место од каде што секоја година преку музика и игра се испраќа порака за културен натпревар, мир и соработка, нагласи Ковачевски.

Без коментари