Ковачевски: Повторно паднаа два од трите блока на РЕК Битола

0
533

Повторно се паднати два од трите блока на РЕК Битола, алармираше денеска на 71. седница на Собранието на Република Македонија пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски.

– Ова што се случува и годинава на почетокот на грејната сезона со РЕК Битола е уште една потврда за ризиците од колапс на енергетскиот систем – рече тој.

Тој дискутираше во однос на предлогот на закон за задолжувањето на Република Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија – фаза 1 – делница Штип – Неготино – Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар”.