Ковачевски за Наумовски

0
353

Јавноста вчера беше сведок на уште еден грозоморен чин. Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија изврши физичко насилство врз вработени во државна институција, Центар за социјални грижи во Битола.

Поради сериозноста на телесните повреди на вработените коишто ги нападнал Наумовски, пружена им е и лекарска помош.

Недозволиво е пратеник во Собранието на Република Македонија кој треба да биде заштитник на уставот, законите, државните институции и граѓаните насилно да го нарушува нивниот интегритет.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија најостро го осудува овој грозоморен чин, незамислив за еден пратеник. Од морални и човечки причини, бараме пратеникот Васко Наумовски ВЕДНАШ да си поднесе оставка.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи?

Зошто молчи Никола Груевски за постапките на неговите пратеници?

Значи ли тоа премолчена поддршка за пратеникот-насилник?

Ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ најостро да го осудат овој насилен чин, и веднаш да се преземат соодветни чекори за санкционирање, изјави Васко Ковачевски претседател на СДСМ-Битола