Ковачиќ ги одби сите понуди за да остане во Интер

0
274

Mатео Ковачиќ во текот на летово често беше поврзуван со заминување од Интер, како следни дестинации се споменуваа Ливерпул, Барселона и Јувентус, но хрватскиот ас остана во таборот на „нероаѕурите“. По молкот од неколку месеци, денеска со изјава се јави самиот фудбалер, кој дефинитивно ги израдува фановите на Интер. „За тоа дали имаше понуди од други клубови ќе треба да ги прашате луѓето од Интер. Она што јас можам да го кажам е дека се чувствувам прекрасно во овој клуб и немам намера да си заминам. Интер е гигант како Реал Мадрид и Барселона и јас се гледам себе си како член на „нероаѕурите“ уште многу, многу години. Со нетрпение очекувам да почнам да освојувам трофеи со овој тим“ изјави Ковачиќ за италијанските медиуми.