Коѕиас: Ќе го браниме постоењето на единство во БЈРМ

0
623

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас синоќа упати порака дека Грција ги поддржува стабилноста и унитарноста на Македонија и предупредување до оние кои „размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот“ и менување на границите.

„Грција постојано ја поддржува стабилноста во регионот, и ова се однесува на нашиот северен сосед. Ние сме за постоењето на единство во БЈРМ, ние сме единствените кои не се мешавме и сè уште не се мешаме во нејзината внатрешната политика и ќе го браниме нејзиното постоење“, изјави Коѕиас во својот говор за време на презентација на книгата на ексминистерот и европратеник Никос Сфунакис за грчката надворешна политика.

Во говорот, како што пренесува агенцијата АНА-МПА, Коѕиас рекол дека „не се живее во период на средновековните војни, туку сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред сѐ,  бара голема почит кон границите“.