Коѕиас во Скопје на средби со македонскиот државен врв

0
209

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас денеска ќе биде во посета на Скопје.

Тој освен со колегата Никола Димитров ќе се сретне и со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, но и со вице – премиерот, одговорен за односи со ЕУ, Бујар Османи, како и со претставници на парламентарните партии.

Акцентот при посетата ќе биде ставен на мерките за градење доверба. Спорот околу името засега не е во преден план.

Според најавите, Коѕиас нема да слета на аеродромот Александар Велики, туку со автомобил ќе допатува во Македонија.

Без коментари