Коѕиас, во среда, на средби со државниот врв во Скопје

0
109

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во среда доаѓа во Скопје, каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Предвидени се и разговари со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и  со премиерот Никола Груевски, соопштија од грчкото МНР.

Шефот на грчката дипломатија ќе биде примен и од претседател Ѓорге Иванов со кого ќе има и работен ручек.

Коѕиас во Скопје, исто така, ќе се сретне и со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети  и на ДПА, Мендух Тачи.