Коѕијас дочекан со протести

0
330

Грчкиот министер пред МНР беше пречекан со протест организиран од страна на „Македонски манифест“ и Светскиот македонски конгрес, кои бараат безусловен крај на разговорите за државното име, продолжување на членството во ОН под државното име Македонија.

Се собравме поради посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, да кажеме дека независно од Владата на Заев, за Македонците во целиот свет семакедонската црвена линија е името на државата. Бевме, сме и ќе бидеме Македонија и Македонци. Името на државата е идентитетот на нацијата. Промената на името на државата значи трајна промена на името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик“, рече Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес“.

Без коментари