Крај на заложничката драма во Бангладеш

0
311

Бангладешките безбедносни сили ја повратија контролата врз ресторанот во дипломатски кварт на престолнината Дака, во кој синоќа се случуваше заложничка драма по напад за кој одговорноста ја презеде ИСИС.

Во ресторанот „Холи артизан бејкери“, меѓу осум и 10 напаѓачи цели 10 часа во заробеништво држеа десетина лица, меѓу кои и странци.

Заложниците се ослободени, шестмина од напаѓачите се убиени додека еден е уапсен.

Ресторанот во Дака често пати бил посетуван од дипломати и странци.

Најголемиот број од заложниците беа странски државјани.

При престрелката со напаѓачите загинале и двајца полицајци. Според различни извори, бројот на ранетите во нападот варира меѓу 12 и 40 луѓе.