Крајбрежната стража спаси над 6.000 мигранти само за 24 часа

0
200

Италијанската крајбрежна стража објави вчера дека го координирала спасувањето на околу 6,5 илјади мигранти крај Либија. Тоа бил еден од најпрометните денови во последните години во Медитеранот, информира Ројтерс.

Оперативни центри координираат 40 операции крај Либија, бродовите на крајбрежната стража и на морнарицата на Италија, на поморската мисија на ЕУ против шверцерите на луѓе во близина на брегот на Либија „Софија“ (Sophia), на европската агенција „Фронтекс“ и хуманитарни организации спасија 6,5 илјади мигранти.

Бегалскиот притисок кон Италија е сè посилен, иако ситуацијата со спасувачките операции е доста подобра, откако во Медитеранот делува специјалната мисија на ЕУ во помош на италијанската морнарица.