Крајната десница формира анти ЕУ група?

0
164

Партиите на крајната десница од Франција, Холандија и Италија, во понеделникот соопштија дека имаат доволно поддршка да формираат група анти – Европската унија, но засега не е јасно кој би влегол во оваа група.

Анти-имиграцониот и анти-евро Националниот фронт на Марин Лепен соопшти дека ќе формира група со името „Европа држава и слобода“, откако тоа не успеа да го стори пред една година, што ќе им донесе дополнителни фондови, службеници и „тежина“ во собранието на ЕУ, јавува Reuters.

„Во вторник во Брисел ќе ја претставам нашата група ‘Европа држава и слобода’, објави Лепен на својот Twitter профил, следејќи слични твитови на своите сојузници, меѓу кои и лидерот на холандската Слободарска партија, Герт Вилдерс.

Се очекува во вторник Лепен и Вилдерс да одржат конференција за медиумите на оваа тема.

Победата на националистите, евроскептичните партии, пред неколку години на изборите во Европскиот парламент ги запрепастија политичарите од центарот во ЕУ и доведоа до поместување на силите, по што законите се усвојуваат многу потешко.