Кралот на кларинетот и кралот на трубата Трајковски и Агушев за Фестивалот на музика од светот

0
613

Струмичкиот крал на трубата,  Џамбо Агушев, настапи на Фестивалот на музика од светот како специјален гостин на Љубојна.

Џамбо ја продолжи семејната традиција и го направи орекстарот Агушеви познат во целиот свет, а во фебруари годинава гостуваше и во популарната британска телевизија ,,Би – Би – Си.
Има редовни турнеји низ целиот свет со својот оркестар, освоено голем број на награди, а од светските музички експерти постојано добива комплименти за својата работа.
Во Битола заедно со Етносфера го снимија видео записот во Порта џез  со наслов Дафина.
Благојче Трајковски го нарекуваат кралот на кларинетот. Како дел од Фестивалот на музика од светот, истакна дека овој фестивал има долгогодишна традиција и задоволство е да се биде дел од истиот.
Повеќе во видеото во продолжение.
https://youtu.be/V9cRGII_gNk

Без коментари