Кралот на Шпанија го осуди референдумот

0
223

 Шпанскиот крал Фелипе VI ги обвини каталонските лидери дека излегле надвор од  „законот и демократијата” и најави дека државата ќе воспостави „уставен поредок” во Каталонија, каде што стотици илјади луѓе протестираат против полициското насилство на референдум што го забрани  Мадрид. Фелипе VI во остар говор на телевизија ги обвини каталонските лидери дека ја напуштиле рамката на „права и демократија” организирајќи референдум во неделата. „Со своето неодговорно однесување тие можат да ја загрозат стабилноста на Каталонија и цела Шпанија”, рече кралот кој не зборуваше за кризата од неделата. Правната држава мора да го обезбеди „уставниот поредок во Каталонија”, додаде тој во телевизискиот говор.

Тој рече дека шпанската круна е цврсто посветена на шпанскиот устав и демократија и ја истакна својата заложба за „единство и одржливост на Шпанија”.

Овој краток и редок говор го означи крајот на денот во кој се случуваа масовни протести во Каталонија. Главните каталонски синдикати повикаа на генерален штрајк.

http://makfax.com.mk

Без коментари