Кран се урна врз Големата џамија во Мека, над 60 мртви аџии, 150 повредени

0
1175

Кран носен од силните ветрови се урна и го проби покривот на Големата џамија во Мека, најсветата џамија во светот, при што загинаа голем број верници што пристигнале во градот за годишниот аџилак, пренесоа Ал Арабија и други медиуми од Блискиот Исток.

Според саудиските власти, 65 луѓе загинале. Саудиското Министерство за внатрешни работи рече дека најмалку 154 се повредени.

mkd-214880

Фотографиите постирани на Твитер сведочат за голем број тела покриени со крв расфрлани на мермерниот под. Низ голем отвор на покривот на Големата џамија (Месџид ел-Харам) се гледа дел од огромен кран.

Дури и пред несреќата со кранот, Саудиската цивилна одбрана предупредуваше на грмотевици, пороен дожд и ветер во оваа област.

Саудиската цивилна одбрана вели дека на местото на трагедијата се испратени екипи за потрага и спасување и медицински работници од саудиската Црвена полумесечина.