Кражба на пари и измама во битолско

0
1218

Му ја зеле пченката, а се уште не му ја платиле.СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.С. (58) од Ресен поради постоење основи ан сомнение за сторено кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“ и против Р.Б. (51) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавениот во декедмври 2014 годинаго довел во заблуда лицето С.Н. од с.Кукуречани, битолско, дека е сопственик на фирмата „Визија-Дизајн“ ДООЕЛ Скопје, која се занимава со откуп на пченка. На 26.12.2014 година, заедно со второпријавениот остварил средба со оштетениот во с.Кукуречани, а потпишал и купопродажен договор, согласно кој плаќањето требало да биде најдоцна до 10.01.2015 година. Истата се уште не била платена.

Од куќа во Вашарејца украдени 1.300.000 денари.Во саботата на 06.08.2016 година околу 14,00 часот во СВР-Битола, лицето со иницијали В.К.(58) пријавила тешка кражба во куќата во с.Вашарејца, сопственост на нејзиниот татко извршена од страна на непознат сторител, кој пред околу два месеци на непознат начин влегол во летната кујна и од витрината одзел женска чанта во која имало неколку платнени женски несесери во кои имало околу 1.300.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.