Кражба во Музејот на „Заливот на Коските“

0
2276

Дали малиот ”праисториски град” – музејскиот комплекс „Заливот на Коските” освен што е најпосетувана туристичка дестинација во Охрид, е мета и за крадци ? Викендов, од автомобил на битолчанка и бил украден телефонот. Додека таа го разгледувала музејскиот комплексот, крадците и го скршиле прозорот од автомобилот и го украле телефонот. Веднаш настанот го пријавила до надлежните од Музејот.

-Во неделата во 15.30 се случи кражба во Музејот на вода, Заливот на коските во Градиште. Јас го оставив телефонот во колата на задното седиште , после половина час кога се вратив на паркингот, прозорецот на автомобилот беше скршен. Веднаш се обративме до надлежните од Музејот каде што ни кажаа дека надворешниот паркинг не е под видео надзор, дека има смо две камери кои што се поставени во внатрешноста на Музејот, изјави Сибела Алимовска

Таа вели дека во разговор со затекнатите туристи, и било кажано дека често туристите биле мета за кратците на ова место

– Местото не е безбедно за туристите затоа што и случајните минувачи кои што беа на местото на настанот ни кажаа дека Заливот е доста атрактивно место за луѓето кои крадат во текот на сезоната , имало кражби и ланската година. На туристите им биле украдени лични работи, како камери и телефони. Крадците се паркираат на паркингот и изгледаат како посетители , но тие се таму за да прават кривични дела, додава Алимовска

Надлежните од Музејот веднаш повикале полиција

-Не ми ветија ништо конкретно . Задоволни сме што веднаш повикаа полиција, додаде Алимовска

Се обидовме да контактираме со луѓето од музјот. Ни беше кажано дека ќе го добиеме по смс мобилниот телефон на одговорното лице. Но и по еден ден чекање, тоа не се случи. За настанот побаравме информција од СВР-Охрид, од каде што потврдија дека имале таква пријава, излегле на местото на настанот, и презеле одредени мерки, направиле анкета со луѓе и разговор со вработените. Рекоа дека ќе продолжат и со други активности со цел пронаоѓање на сторителот.