Кражба во поштата во Жван

0
507

Во временскиот период од 05/07.12.2015 година, во с.Жван, демирхисарско непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од поштата, а потоа со подесен алат исто така насилно го отворил металниот сеф од каде одзел сума на пари од околу 104,500 денари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.