Кражба во ресенско Наколец

0
1164

На 08.03.2016 година во периодот од 17.30 до 20.30 часот во с.Наколец, ресенско, во куќа сопственост на И.А., непознати сторители извршиле кражба. Сторителите влегле насилно и од ормарот во спалната соба одзеле 1.760 долари, 230 евра, 200 австралиски долари и златен накит. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Ресен. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.