Кражба во с.Големо Црско

0
1084

На 17.07.2016 година во 14.30 часот во ПС-Кичево, С.З. (64) од Битола, пријавила дека ноќта помеѓу 16/17.07.2016 година непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во с.Големо Црско, нејзина сопственост и сопственост на Ќ.В. нејзина тетка. Сторителот насилно ги отворил двете влезни врати од куќата, влегол во дватта дела, и од делот на куќата, сопственост на Ќ.В., одзел ловна пушка калибар 12мм и револвер калибар 3,57мм. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.