Кражби во Битола

0
423

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Т. (35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот на 07 и 08.09.2015 година во периодот од 23.10 часот до 02.10 часот со употреба на алат делувал и влегол во куќата сопственост на З.К. од Битола, извршил пребарување и одзел поголема количина на златен накит и 100 евра со што се стекнал со противправна имотна корист од 150.000 денари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Џ.М. (29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот на 07.08.2015 година околу 09.30 часот во старата битолска чаршија, искористувајќи ја гужвата, се доближил до К.К. (76) од Битола и од предниот џеб на пантолоните му одзел плик во кој имало 200.000 денари.