Битола под маски

0
1890

Популарни супер херои, принцези, филмски јунаци, кловнови, готвачи, балерини, космонаути, фудбалери, чудовишта и уште стотици други маски, продефилираа на Широк сокак на најголемиот маскембал во Битола.

Денот на шегата, на смеата, на среќата, на местени и лаги, но пред се’ ден кој во Битола се прославува со целодневен маскембал.

Традиционално и оваа година  1ви Април беше наменет за шегување и маскирање, а особено популарно e дефилирањето на Широк сокак.

Во текот на денот голем број на деца од основните училишта и градинките ја разубавија и обоија Битола со најкреативни маски .

Додека денот бше посветен на најмалите и најслатките, вечерните часови беа резервирани за луда забава под кретивни и необични маски на повозрасните.

Вистинската забава се одржа по битолските кафе барови и клубови. На битолчани на кои периодов им недостига витамин sea односно морскиот витамин, летната сезона веќе започна во кафе бар Инсинкт.

Гостите од коктел забавата за која се погрижија Контру диџеј, се одмараа на многубројните лежалки под големите чадори.

После игрите на плажа, битолчани но и гостите од другите градови, забавата ја продолжија во кафе бар Барфлај /Интермецо, каде најкреативните гости беа наградени.

Тука го најдовме и битолското чупе кое накратко се врати од Австралија, но и други ликови кои се одлучија токму за први април да се забавуваат во овој кафе бар.

Порта џез на креативните маскирани гости им понуди целовечерна забава со Рокенролерс.

Тука креативноста беше на највисоко ниво па така Порта џез го посетија вештерките, духовите, страшните ликови од филмовите и легендите кои се забавуваа со добра музика и одлична првоаприлска атмосфера.

А во старата битолска чаршија во Бар чаршија, се вративме во времето кога овој дел на Битола беше центар на сите случувања.

Покрај турските специјалитети и неизоставниот турски чај, вниманието на гостите го привлече и танчерката.

Преку забавата во House of Manaki  присуствуваме на најпознатиот музички фестивал во светот Tomorrowland, каде за одличната забава на многубројните гости, задолжени беа Hauz music.

Забавата после кафе баровите продолжи во ноќните битолски клубови до раните утрински часови.

За најкреативните маски, позитивни и негативни ликови, беа доделени и награди.