Креативни модни доатоци во ателје Креација

0
590

Аксесоарите секогаш ја заокружуваат комплетната слика на еден изглед, па дури понекогаш се и највпечатливиот детал од едно стилско издание.

На најзначајните модни недели во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, посебно внимание последните сезони се дава токму на аксесоарите.

Да се размислува храбро надвор од комфорната зона, барем кога модните додатоци се во прашање, е формулата по која во Битола од неодамна својата приказна ја развива ателјето Креација.

Вниманието пред се тука ќе ви го привлече оригиналниот амбиент кој зрачи со креативност.

Овој ентериер го изработи Атанас Вангеловски Бато.

Во новото ателје за уникатен накит, креативноста за креативните модни додатоци е на артизан Надица Димитровски.

Љубителите на современ накит , ташни, капи, тука ќе го пронајдат своето парче кое дополнително ќе го истакне нивниот стил.

Надица се води по мотото на Коко Шанел – За да бидете незаменливи мора да бидете поразлични .

Аксесоарите од ова ателје внесуваат сосема поинаков поглед на модниот свет во Битола.

Многу од модните познавачи ќе ви кажат дека пролетта и летото им се омилени годишни времиња .А зошто? Затоа што тоа е период кога најмногу може да се фантазира и да се игра во комбинациите со модните додатоци.

Сите производи се единствени и заштитени од страна на државен завод за индустриска сопственост, со што се гарантира уникатноста на истите под логото на Креација.

Ателјето Креација е лоцирано во комплексот мал безистен во вториот пасаж.