Кредити за земјоделците

0
290

Кредити од два проценти за земјоделците. Премиерот при неодамнешната посета на Пелагонискиот регион најави дополнително намалување на каматите на кредитите кои се пласираат кај земјоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот.

Овие кредити биле наменети за примарно производство, за преработувачки капацитети и за откупно дистрибутивни центри, односно за извос.

Рокот на отплата како што изјави премиерот бил на 18 месеци доколку се работи за кредит за обрт и пет години за отплата на кредит за основни средства.