Кредитниот рејтинг на Македонија и покрај политичката криза, стабилен!

0
359

Кредитниот рејтинг на Македонија останува на нивото „ББ“ со стабилна перспектива, соопштува меѓународната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“.

Како главни предности на македонската економија кои придонесуваат за оценката, истакнати се макроекономската политика и условите за водење бизни, економскиот раст кој бил повисок од очекуваниот, добрата капитализација на банкарскиот сектор кој е профитабилен и е финансиран од домашните депозити .

Според рејтинг агенцијата политичката криза немала некое влијание врз растот кој бил 3,7 одсто од БДП и се должи на растот  на извозот од слободните економски зони и јавните инвестиции.

Нови соработки помеѓу странските инвестиции во ТИРЗ и домашните компании во иднина ќе биде темел за одржливиот раст на економкијата, предвидува „Стандард и пурс“ дополнувајќи дека економската експанзија ако има поддршка од растот на извозот од странските компании во ТИРЗ и капиталните инвестиции на Владата ќе продолжи да расте.

За буџетскиот дефицит, агенцијата посочува дека тој лани бил помал од планираниот, сепак јавните финансии немаат ризик од кризата со бегалците.

Засега единствен ризик за останува неизвесните политички случувања.

Стабилноста на земјава, сепак претставува добар сигнал за  странските инвеститори и меѓународниот пазар на капитал, сметаат експертите.