Кремљ: Путин и Елтон Џон не разговарале досега

0
252

Претседателот на Русија Владимир Путин не разговарал на телефон со британскиот музичар Елтон Џон, но подготвен е да разговара за проблемите на сексуалните малцинства, ако тој тоа го побара, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Одгвороно тврдам дека претседателот Путин не разговараше со Елтон Џон, нагласи Песков и додаде дека автентичноста на наводната порака на Џон каде пишува дека зборувал со рускиот претседател е сомнителна и заради големиот број граматички грешки. Песков додаде дека администрацијата на Путин не добила никакво официјално барање за состанок и дека на извештаите на интернет не може да им се верува.

Истовремено, Песков рече дека рускиот лидер „бил и останал подготвен отворено да разговара за прашањата на човековите права и какви било  други прашања.

– Луѓето често немаат точна претстава за тоа што се случува во нашата земја. Тие се жртви на дезинформации, заклучи Песков.

Претходно денеска во медиумите се појави вест дека британскиот музичар Елтон Џон пред два дена изразил желба да се сретне со Владимир Путин за да „ разговара за правата на хомосексуалците во Русија“, а потоа рече дека рускиот претседател го повикал по телефон.