Критична маса „Возиме како прави дами и господа“

0
386

„ Драги точакољупци, летото дојде и Битола е раздвижена, а битолчани свежи и спремни за нова вело дружба. Критична маса бр.27 во Битола ќе се случува на 30 Јуни во 18.00 часот“ вака гласи повикот на Битола на точак за денешната Критична маса.

„Битола има се повеќе граѓани кои се свесни за сопственото здравје и важноста на чистата животна средина и се движат пешки, користат точак, како и градски превоз како поеколошки решенија во споредба со користењето на кола за движење низ град.
Драги битолчани, оставете ги колите, светнете ги точаците, подмачкајте ги, напумпајте гумите. Овај пат за одлична вело забава спремивме супер тема!

ВОЗИМЕ КАКО ПРАВИ ДАМИ И ГОСПОДА!

Оваа критична маса има код на облекување.
Дотерајте се во најубавите летни алишта, возиме низ центар на Битола наТочак како прави господа!
Потоа заедно одиме на кафе/ладен чај на #ШирокСокак.

Доаѓа нова генерација на граѓани, кои си го сакаат градот, кои се грижат за него, кои не загадуваат, кои се мобилни и кои не користат кола за кратки растојанија, кои одат на корзо, на работа, на училиште наТочак, кои уживаат 12 месеци на точак, а не само во лето! Се повеќе луѓе се среќаваат кои обрнуваат големо внимание на нивните точаци, ги чистат и гланцаат, ги украсуваат, ги вадат од визба и репарираат нивните ретро точаци!

На најдобрите учесници ќе им подарат подароци.