Критично е кај Цапари и Ротино, пожарот се шири

0
3006

Вечерва на кај Ротино избувна голем пожар кој во моментов е активен, а противпожарната единица на Битола е на терен и состојбата според зборовите на командирот е многу опасна.

Пожарот зафати и едно возило кое се движело на патот и изгоре. Засега нема информација за евентуално повредени.

Заради реконструкцијата на магистралниот пат Битола- Ресен од пред неколку дена, сообраќајот е пренасочен по стариот пат.

Пожарот се појавил кај 18 часот некаде кај Цапари, гори нискостеблеста шума. Ветерот кој доцна попладнево го имаше во регион, овозможил брзо ширење. Луѓето со кои разговараше репортерот на Тера, велат дека сега пожарот се шири на кај селото Ротино и стравуваат од голема катастрофа. Освен екипите на противпожарната единица, има и локални жители кои се борат со огнената стихија.

Жителите во паника реагираат за како што велат дека со едно противпожарно возило се обидуваат пожарникарите на интервенираат. Од противпожарната единица на градот не можеме да добиеме информација за тоа со колку возила и како се интервенира и каква е состојбата на теренот.

Неофицијално, според кажувањето на жителите била зафатена и една викендица.

11998607_601449953328663_796410459_n

11998235_601449956661996_1767917160_n

11992646_601450089995316_331301158_n

11993128_601418186665173_2051159036_o

11997043_10153174655238106_257635509_n

11998272_601450236661968_1230628529_n

Без коментари

LEAVE A REPLY