Kривична одговорност за министерот кој предложил буџет што нема да се оствари

0
349

Пратениците расправаат за буџетот за идната година. Опозицијата побара да се донесе и закон за кривична одговорност на министерот за финансии ако проекциите за новиот буџет не се остварат. Власта, одново го бранеше буџетот дека е развоен и дека парите се трошат наменски.

Приходната страна е надуена рече Горан Милевски и може да се очекува уште едно во низата потфрлања во проекциите. Ако тврдите дека буџетот е реален, да донесеме измени во законот и министерот да понесе одговорност за грешни проекции, рече Милевски. Приходите од  јануари до август се поголеми од лани, рече Лилјана Кузмановска од ВМРО ДПМНЕ а тоа е основа за креирање на буџетот за 2016. Не ви држи дека е на нереални основи, рече Кузмановска.