Кривична оти и направиле лажен профил на Facebook

0
871

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицата Д.К (28) од Куманово, А.П.(26) од Скопје и „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Првопријавениот, уредник на веб порталот „Think.mk“, и второпријавениот, управител на „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје, спротивно на одредбите од законот за лични податоци, без согласност на Н.М. од Битола, објавиле лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук со нејзина фотографија и нејзино име. Истите, притоа објавиле и коментар со непримерна содржина, а содржината ја објавиле и на веб порталот.