Кривична пријава оти крадел струја

0
806

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С. (56) од с.Ношпал, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“. Пријавениот, во периодот од 18.06.2015 година до 09.11.2015 година, од доводниот кабел позади таблата директно поврзал жица до главните осигурувачи и неовластено користел електрична енергија. Со тоа пријавениот на ЕВН Македонија предизвикал материјална штета од 38.285 денари.