Кривична пријава против директор на основно училиште во Македонски брод за незаконски превоз на ученици

0
507

Полициската станица од општа надлежност – Македонски Брод, поднесе кривична пријава против Т.С.(54) од Македонски Брод, вработен како директор на ООУ “Свети Климент Охридски“ во истоимениот град за сторено продолжено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“ како и “вршење јавен превоз без поседување лиценца“. Пријавениот во периодот од 2011 до 2016 година, постапил спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за превоз во патниот сообраќај и дозволил превозот на учениците од нивните домови до ООУ “Свети Климент Охридски“-Македонски Брод, дел да се врши со комбињата кои се во сопственост на ООУ„Свети Климент Охридски“-Македонски Брод, а дел со комбиња кои се во сопственост на СОУ „Свети Наум Охридски“-Македонски Брод, иако и основното и средното училиште за комбињата со кои се вршел превозот на ученици не поседувале соодвени лиценци за посебен линиски превоз и превоз на ученици. За превозот на ученици истиот во годишните финасиски планови на расходи, на ставката превозни услуги во образованието, предвидувал поголеми износи на парични средства со кои ги покривал трошоците за незаконски организираниот превоз на ученици. Со ваквото работење, пријавениот го оштетил Буџетот на ООУ “Свети Климент Охридски“ во висина од 2.396.920 денари, стои во извештајот од МВР

Без коментари