Кривична пријава против тројца прилепчани поради измама

0
203

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против лицата Т.Ѓ.(61), Д.Н.(35) и М.Г.(36) сите од Прилеп и правното лице „Гризли Дан“ од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на мај 2014 година пријавените го превзеле споменатото правно лице, и иако знаеле дека е неспособно за плаќање, врз основа на формален договор за пренос на удели најпрво Д.Н. станал сопственик и Управител на правното лице по што склучиле договор за претплатнички однос со мобилен оператор од каде земале шест мобилни телефони и створиле долг од 88,584 денари.

По еден месец М.Г. бил впишан како одговорно лице на фирмата и заедно со Т.Ѓ. на 03.07.2014 година потпишал договор за купопродажба на производи од фирма од Берово во износ од 261.341 денар прикажувајќи го правното лице Гризли Дан како ликвидно.

Набавената стока пријавените книговодствено не ја евидентирале. На ваков начин истите се стекнале со противправна имотна корист од 349.925 денари.