Кривична пријава за екс министерот Јанакиески

0
330

Полициската станица- Прилеп преку Основното јавно обвинителство- Прилеп до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против лицата М.Ј.(39) од Скопје, Д.Р.(64) од Прилеп, С.Т.(63) од Прилеп и В.Ј.(51) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по чл. 353 ст.1, 3 и 5 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот во временскиот период од 2007 до  2010 година, во својство на министер во Владата на Република Македонија ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што спротивно на одредбите предвидени во Законот за продажба на општествените станови чл.2 и 3, односно без Одлука од Владата– како сопственик на становите бр. 16 и 12 лоцирани во т.н. „пензионерска зграда“ во Прилеп, која се наоѓа на ул.,,Димо Наредникот“ бб,  како овластен застапник на Владата,  склучил договори за купопродажба на предметните станови со лицата  З.А.  и Д.Р.,  кои пак станови  лицата ги користеле  врз основа на решенија издадени од некогашниот Сојуз на борци како и Сојуз на пензионери.

Второпријавениот по занимање нотар, третопријавениот поранешен државен правобранител и четвртопријавената актуелен државен правобранител во својство на овластени лица кои требало да ја испитаат законитоста и дозволеноста на склучувањето на предметните договори, не превзеле мерки и пропуштиле надзор за заштита на државниот имот на Република Македонија, со што им овозможиле на овие лица да извршат откуп на становите по повластени цени, со што го оштетиле  буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 2.595.976,оо денари, соопшти МВР.

Без коментари