Кривична пријава за претседателот на Врховниот суд

0
892

Советот за утврдување на факти поднел кривична пријава против претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Одлуката била донесена на денешната седница, а кривичната пријава, како што соопштуваат е поднесена бидејќи Вангеловски не и дозволил на Комисијата при Советот да влезе во судот за да оствари увид во списите на предметите на СЈО, „Таргет“ и „Тврдина“.

„Кој ќе преземе кривична одговорност за незаконитото постапување ќе покаже времето. Не сметам дека е потребно да коментирам постапки на орган на кој му претстои евтаназија“, изјави претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Без коментари