Кривична пријава за РЕК Битола

0
1679

Кривична пријава е поднесена и за неколку раководни лица како најодговорни за актуелната состојба за загадувањето рече Иван Чулаковски од здружението “За нас се работи “, кој зборуваше за отпепелувањето на отворената депонија.

“После сите обиди да укажеме на неподносливоста од загадениот воздух и енормно загадената почва, денес на 16.05.2017 година, го повлековме и последниот чекор кој може да го направи едно здружение на граѓани, и поднесовме кривична пријава против РЕК Битола, како подружница на ЕЛЕМ, во која покрај се наведовме и конкретни имиња и презимиња на лица кои обавуваат одговорни функции и раководни места во Комбинатот. Се надеваме дека кон оваа кривична пријава Основното јавно обвинистелство ќе заземе позитивен став и истото веднаш во најкраток можен рок ќе отвори истражна постапка, преку која ќе се утврди вина за неодговорноста и нестандардизираниот процес на производство на електрична енергија. Свесни дека РЕК Битола има стратешко значење за државата, напоменуваме дека толку повеќе истиот требало да има посвесен и повнимателен однос кон животната средина, одобено заради жителите кои живеат во неговата непосредна близина и ги трпат последиците кои се резултат на нестандардизираниот производствен процес”, вели Илија Балтовски од здружението “За нас се работи “.