Кривична пријава за силување

0
609

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.К. (46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Пријавениот на 25.07.2016 година на ул. „Бистра“ во Битола околу 12.00 часот су употреба на физичка сила и тврд предмет ја нападнал М.Ј. (18) и нејзиниот другар Д.Ј. (24), ги повредил оштетените, а потоа  извршил полово дејствие врз истата. Пријавениот го сторил делото во моментот додека оштетената М.Ј. се движела по улицата со нејзиниот другар.