Кривична пријава за уште 5 лица

0
203

СВР Скопје ја дополни кривичната пријава за настаните во Собранието во четвртокот со уште пет лица, со што сега бројката на идентификувани се искачи на 20 лица.

Според соопштението од полицијата, новите петмина пријавени, кои се од Скопје, Куманово и од Велес, се идентификувани по прегледување на видоснимките од медиумите и од безбедносните камери во Собранието. И тие, како и претходно пријавените, МВР ги гони за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, по член 385 од Кривичниот законик.