Кривична пријава за вработен во општина Битола

0
446

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.А.Ш.(57) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против уште едно засега непознато лице, вработено во општина Битола за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената во текот на 2011 година на ул. „Стрчин“ на катастарска парцела на КО Битола без претходно да обезбеди одобрение за градба изградила индивидуална станбена зграда, додека непознатото лице не го спровел Заклучокот за рушење на дивоизградениот објект донесен од страна на Општинскиот градежен инспектор.

Без коментари

LEAVE A REPLY