Кривична пријава за жител од Ивањевци за крадење струја

0
1450

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето В.М. (45) од село Ивањевци, општина Могила, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“.Имено, како што информира МВР, пријавениот во периодот од 21 април до 3 јуни годинава во својот дом директно се поврзал на електричната мрежа, од доводниот кабел со излезниот кабел во клемникот на броилото.

Со ова пријавениот на ЕВН Македонија и нанел штета од 3.190 денари