Кривична за битолчанец – издавал лажни одобренија за сеча во приватна шума

0
304

ПС ОН Демир Хисар поднесе кривична пријава против Л.И.(52) од Битола лиценциран работник за издавање одобренија на сеча во приватна шума и управител на битолска фирма поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во својство на службено лице во текот на 2013 година спротивно на планот за забрана за сеча изработен од Заводот за уредување на шуми за периодот од 2010 до 2016 година, извршил ознака за сеча овозможувајќи им на шест приватни сопственици на катастарските парцели во атар на с. Стругово – Демир Хисар да извршат сеча на огревно дрво во количина од 382 м3 и да се стекнат со имотна корист од 1.365.650 денари, а тој заради извршените услуги се стекнал со имотна корист од 117.984 денари.

Без коментари

LEAVE A REPLY