Кривична за битолчанец оти крадел струја

0
890

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето В.Ѓ. (47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија и топлинска енергија“. Пријавениот во текот на месец јануари и месец февруари 2016 година во својот дом вградил непријавен мерен уред кој го нема во системот на ЕВН и неовластено превзел електрична енергија која не се мерела. Со тоа истиот предизвикал материјална штета на ЕВН Македонија од 2.127 денари.