Кривична за дефектолог од Битола, оти на малолетничка и нанела штета со смртни последици

0
240

На 24.06.2015 Секторот за внатрешни работи -Битола поднесе Кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство против лицето Д.Ј (46) вработена како воспитувач – дефектолог во “Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух,говор глас и други проблеми во развојот” –Кочо Рацин – Битола ,заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА “.
Пријавената на 30.04.2015 го пропуштила должниот надзор што го имала како воспитувач-дефектолог во “Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух,говор глас и други проблеми во развојот” и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања ,со што и нанела штета со смртни последици на малолетничката како резултат на труење со корозивна супстанција.