Кривична за дефектолог од Битола

0
214

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј.(46) вработена како воспитувач – дефектолог во “Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух,говор глас и други проблеми во развојот” –Кочо Рацин – Битола, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “несовесно работење во службата”.

IZJAVA_POLICIJA_BANKA_003.jpg

Пријавената на 30.04.2015 го пропуштила должниот надзор што го имала како воспитувач-дефектолог во “Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух,говор глас и други проблеми во развојот” и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања ,со што и нанела штета со смртни последици на малолетничката како резултат на труење со корозивна супстанција.